Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев беше во посета на Гевгелија каде оствари средба со граѓаните.
-Владата на Македонија стои зад општина Гевгелија. Имаме одличен кандидат за градоначалник. Градоначалник сегашниот и иден градоначалник, Андон Сарамандов. Имаме добра советничка листа, одлична советничка листа. Така што, во Гевгелија атмосферата ни е добра.
Имаме проекти со коишто можеме да се пофалиме, значи Владата на Македонија, Владата на Христијан Мицкоски, стои зад општина Гевгелија и така наредните 4 години ќе го дадеме максимумот. Значи, со добра мисла, со позитивна атмосфера, со добра екипа, со одличен тим, одиме заеднички, истакна Ѓорчев.