Македонија

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на двете собраниски комисии е Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, во второ читање.

Како што стои во образложението објавено на собраниската веб-страна, целта на Предлог на закон е да се изврши дорегулирање и допрецизирање на одделни одредби од постојниот закон кои не се имплементирани и хармонизирани со ЕУ легислативата, а што ќе допринесе за примена на истите.

– Производителот на картички THALES којшто ги произведува картичките за РСМ за да отпочне со производство на паметни картички за нас, ги бара објавени во Службен весник и доставени до нив овие измени. Во спротивно THALES нема основа за производство на паметни картички за РСМ. Со Предлогот на закон на изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај се врши негово прецизирање, дополнување и дополнително усогласеување со новите Европски Регулативи со цел да се имплеменираат паметните тахографи во РСМ, се наведува во образложението.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во образложението на законското решение се посочува дека исто така се врши допрецизирање на прекршоците односно усогласување на износите со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоците.

Најнови вести од Македонија

To top