На 29.07.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 10.00 часот на локалниот пат с.Раштани – Велес, Н.Е.(28) од с.Сливник, велешко, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.Е.,констатирани во Општа болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.