Честитки за шампионот Александар Петровски лично вчера упати градоначалникот Дејан Митески.
За младиот шампион КУРИР веќе пишуваше, а неговиот успех денес е признаен од сите страни.
-Искрена средба со десетгодишниот Александар, кој со 5 победи освои златен медал на Балканското првенство во карате во Бар, Црна Гора, во категоријата до 30 кг. Александар е гордост за Аеродром, а посебна почит и до КК „Олимпик“ – клуб со традиција, дисциплина и врвни резултати, вели Митески.