Викендов, Општина Гази Баба започна акција за подигнување на отпадните возила оставени на јавни површини, кои подолг период ги узурпираат тротоарите, улиците и паркинг местата во општината.
Акцијата ја спроведува Инспекторатот на Општина Гази Баба и ќе трае сè до целосно отстранување на сите возила за кои се води постапка согласно Законот за постапување со дополнителни текови на отпад, кој ги пропишува законските процедури за отстранување на ваков тип отпадни возила. На сторителите им беа изречени соодветни прекршочни платни налози за непочитување на прописите, соопшти Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.
🚗 Општина Гази Баба започна акција за подигнување на отпадните возила оставени на јавни површини, кои подолг период ги…
Posted by Бобан Стефковски on Sunday, July 27, 2025
Досега се подигнати 11 возила од населбата Автокоманда, а во наредниот период акцијата ќе продолжи и во останатите населени места на територијата на општината.
Општина Гази Баба останува посветена на уредување и зачувување на јавниот простор и повикува на соработка од сите граѓани за почиста и поуредена општина.