Најмалку 20 лица загинаа во Украина во руски напади во текот на ноќта во Запорожје и Дњепропетровск, објавија светските агенции, повикувајќи се на локалните власти. Повредени се повеќе од 40 лица.
Вкупно 16 лица загинаа во осум бомбашки напади во Запорожје, а четири лица загинаа во три напади во Дњепропетровск, соопштија локалните власти.
Серија напади беа извршени врз казнено-поправен центар во Запорожје, при што загинаа 16 лица, а 35 беа ранети, напиша на Телеграм шефот на украинската претседателска администрација, Андриј Јермак, нарекувајќи го тоа „ново воено злосторство извршено од Русите“.
Штета беше предизвикана и на соседните станбени згради.
Во Дњепропетровск, покрај четворицата загинати, осум беа повредени во нападите во полноќ, објави шефот на регионалната администрација, Сергиј Лисак.
Нападите беа извршени со дронови со експлозиви и водени бомби.