Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Изграден затворен базен во Кисела Вода, следуваат уште 4 нови низ целата држава

Затворен базен во вредност од 46,5 милиони денари во општина Кисела Вода е пуштен во употреба од страна на Министерството за спорт, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Базенот е во склоп на ООУ „Невена Георгиева Дуња“. Овој тип на базени е наменет за едукација, обука и пливање и се гради по сите стандарди на ФИНА. Базенот ќе биде долг 25 метри, широк 9 метри и длабок до 120 цм.

Истовремено се градат и останатите ветени 4 базени низ државата. До септември ќе бидат готови и базените во Ѓорче Петров, Битола, Кичево и Штип.

Тоа е разликата која што го дели ВМРО-ДПМНЕ од СДС. Додека едните работат за народот и истото го испорачуваат и не гледаат профит и ќар од тендерите и договорите, другите освен ќар и провизии, не гледаа ништо друго.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да инвестира во младите и во спортот. Потребна ни е здрава младина за да ја предводи иднината, стои во соопштението на владејачкат партија.

Најнови вести од Македонија

To top