Четири пожари се под контрола, а 11 се изгаснати.
До 21 часот вечерва на територија на државата се евидентирани 26 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив 11 се активни, четири под контрола, а 11 пожари се изгаснати.
Активни се 11 пожари и тоа:
Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино – планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
Општина Прилеп: с. Бешиште, Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (Опш. Новаци) и крак кон граница со Р. Грција – не се интервенира поради детонации (мешана шума)
Општина Прилеп и Кавадарци: помеѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Прилеп), и Галиште и Трстеник (Кавадарци) (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Македонски Брод: с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Општина Желино: с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
Општина Крива Паланка: с. Нерав (висока борова шума)
Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума)
Општина Илинден: помеѓу Мршевци и Бучинци (стрниште)
Општина Чашка: с. Ореше (ниска вегетација и букова шума)
Општина Ресен: с. Долно Перово (евлови дрва, врби, трска и сува трева)
Општина Кичево: с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума)
Четири пожари се под контрола – кај селото Грешница во Македонски Брод, помеѓу штипските села Драгоево и Селце, кај селото Јунузлија во Општина Карбинци и кај селото Чифлик во Катланово, Општина Петровец.
Изгаснати се 11 пожари на отворен простор:
Општина Битола: ул. Игњат Атанасовски (ниска вегетација)
Општина Василево: с. Босилово (депонија)
Општина Куманово: с. Умин Дол (ниска вегетација)
Општина Охрид: с. Горно Лакочереј (стрниште)
Општина Куманово: н. Бедиње (ниска вегетација)
Општина Тетово: покрај автопат Тетово – Скопје (ниска вегетација)
Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација)
Општина Кривогаштани: с. Годивје (ниска вегетација и плевна)
Општина Ресен: с. Долна Бела Црква (ѓубриште)
Општина Босилово: с. Моносипитово и с. Банско (депонија)
Општина Старо Нагоричане и Куманово: с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Руѓинце – пожарот се шири кон с. Димонце и Коњух (Опш. Кратово), загрозува куќи и помошни објекти (ниска вегетација)