Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија испалила 324 дронови и седум ракети во текот на ноќта, а главна цел бил градот Староконстантинов во западна Украина, каде што се наоѓа голема воздухопловна база.
Се наведува дека 15 дронови и две ракети погодиле три локации, но не е прецизирано каде.
Вооружените сили соопштија дека 309 дронови биле соборени, а две ракети биле пресретнати, објавија украинските медиуми.
Нападот започнал вчера во 19:30 часот по локално време и продолжил до утрото. Користени се 324 дронови Шахед, четири крстосувачки ракети Кх-101 и три ракети Кинжал.
Украинските сили го одбиле нападот со помош на авијација, системи за воздушна одбрана, системи за електронско војување, дронови и мобилни противпожарни групи.