Скопје, 28 јули 2025 (МИА) – Споменикот на Андон Лазов-Ќосето синоќа е вратен, но сега поставен на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ во Скопје.
За враќањето на споменикот на Ќосето, утрово со кусо соопштение информира Град Скопје, без детали каде и кога точно е поставен споменикот. Граѓаните коментираат дека конечно, макар на заминување, градот стори нешто што одамнa требаше. Се прашуваат, дали со ова некој сака да ја тргне љагата од себе? Други велат дека Вардар не ги пере, не пак Ќосето…
Споменикот на Андон Лазов-Ќосето претходно беше поставен кај Судската палата во 2014 година кога скопски градоначалник беше Коце Трајановски. Следниот градоначалниок Петер Шилегов го отстрани во 2018 година, со образложение дека бил дивоградба.
Во една своја телеграма до Колишевски, тој вели:
„Јас како воен другар на Гоце Делчев и Јане Сандански го поздравувам Вашиот историски говор на Вториот конгрес на Народниот фронт, во којшто ние гледаме надеж дека наскоро ќе се исполнат идеалите на нашиот македонски народ, да живее – еднаш засекогаш, под еден покрив. Андон Ќосето“ [8]
