Скопје локални избори 2025

Лукровски: Заедно со граѓаните споделуваме идеи и предлози, општина Карпош е на вистинскиот пат

Извонредна атмосфера на вечерешната средба во Парк Тафталиџе! Многу народ, многу насмевки, многу отворени срца и искрени разговори – токму тоа ја прави оваа иницијатива вредна, објави на Фејсбук кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош Сотир Лукаровски.

Лукровски: Заедно со граѓаните споделуваме идеи и предлози, општина Карпош е на вистинскиот пат

-Извонредна атмосфера на вечерешната средба во Парк Тафталиџе! Многу народ, многу насмевки, многу отворени срца и искрени разговори – токму тоа ја прави оваа иницијатива вредна.

Заедно со граѓаните на Карпош споделивме идеи, предлози и искуства кои ќе ни помогнат да изградиме пофункционална и похумана општина.

Секоја ракување, секој поглед, секоја искрена мисла беше потсетник дека сме на вистинскиот пат – патот на доверба, заедништво и нова енергија за Карпош.

Продолжуваме со љубов за Карпош, пишува Лукаровски во својата објава.

Најнови вести од Скопје

To top