Во рамките на претсезонската турнеја во САД беше одигран пријателскиот натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Вест Хем, во кој победија Манчестер со 2:1.
Но, иако ова беше пријателски натпревар, на Метлајф стадионот присуствуваа 82,566 луѓе, што го прави најпосетен фудбалски натпревар годинава во САД, со подобра посетеност дури и од финалето на Светското клупско првенство, каде присуствуваа 81,118 навивачи.
Овие бројки ја покажуваат популарноста на Манчестер Јунајтед, а овој клуб сè уште е еден од најпрепознатливите спортски брендови ширум светот.
И покрај лошите резултати изминатите сезони, клубот од Премиер лигата има огромна фан база насекаде низ светот, а очигледно навивачите од САД не се исклучок од тоа.