Македонија Делумно локализиран

Најнови информации за пожарот кај Катланово, рано наутро ќе се гасне и со Ер трактор

Најнови информации за пожарот кај Катланово, рано наутро ќе се гасне и со Ер трактор

Пожарот кој попладнево изби меѓу Катланово и Петровец во близина на бензиска пумпа е делумно локализиран, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

-Истиот е пресечен и не претставува опасност за бензиската пумпа. Се движи кон село Чифлик и на негова контрола работат скопските пожарникари од БППЗ. Рано наутро со дејство ќе започне еден Ер трактор, ќе упатиме и неколку специјални возила, посочи Ангелов.

Додаде дека се работи за пожар на тежок терен, но изрази надеж дека во текот на утрешниот ден ќе биде ставен под контрола.

Најнови вести од Македонија

To top