Како што објави „Фудбал Италија“, повикувајќи се на „Лекип“,бигантите од Манчестер, Сити и Јунајтед се вклучиј во трката за потписот на Џиџи Донарума.
Во последните денови, се повеќе се навестува дека иднината на Донарума во Франција е сериозно доведена во прашање. Неговиот договор важи само до 30 јуни 2026 година, а преговорите за продолжување се во ќорсокак.
Пари Сен Жермен не сака да дозволи уште една ѕвезда од тимот да си замине без обештетување и се чини дека затоа одлучиле да го продадат одличниот голман ова лето.