Хроника охрид

Апсење во село Коњско, нападнати две лица СО НОЖ вработени во хотел

На 25.07.2025 во 21.55 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Коњско, го лишија од слобода А.Д.(43) од истото село. Тој претходно, во хотелски комплекс лоциран на охридското крајбрежје, со нож нападнал две лица вработени во хотелот, а потоа оштетил и дел од хотелскиот инвентар. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.07.2025 во 02.44 часот, на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, приведена е А.С.(25) од Скопје, кај која полициските службеници при извршен преглед пронајдоа и одзедоа марихуана. Против неа, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.07.2025 во 22.50 часот, на паркинг простор во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Ф.М.(34) од Охрид. При извршен преглед, кај него пронајдена е паковка со бела грутчеста материја, која е одземена и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.07.2025 во 04.10 часот во ОВР Струга приведен е Б.С.(19) од Струга. При преземени сообраќајни контроли, полициските службеници сопреле патнички автомобил „бмв“ со швајцарски национални ознаки и при преглед, пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top