Фудбал Трансфер

Нејмар се враќа во Европа

Францускиот клуб подготвува понуда за Нејмар, кому договорот му истекува на крајот од годината и сметаат дека ќе го привлечат Нејмар да го носи нивниот дрес. 

Нејмар се враќа во Европа

Со трансферот во Сантос, многумина помислија дека дојде крај на кариерата на Нејмар. Но, 33-годишниот Бразилец се подготвува за враќање во европскиот фудбал.

Според француските медиуми Нејмар сериозно размислува за враќање во Европа и тоа повторно во францускиот фудбал (претходно играше за ПСЖ) во редовите на големиот ривал на неговиот претходен клуб – Олимпик Марсеј.

Францускиот клуб подготвува понуда за Нејмар, кому договорот му истекува на крајот од годината и сметаат дека ќе го привлечат Нејмар да го носи нивниот дрес.

Нејмар во ПСЖ настапуваше во периодот од 2017 до 2023 година. (МИА)

To top