Македонија собраниската комисија

(ВИДЕО) Велковски: Ги оставивте пензионерите цели 4 години со бедни, понижувачки зголемувања

Тие знаат кој ги доведе до просјачки стап – и знаат кој почна вистински да се грижи за нив“, потенцира заменик министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

(ВИДЕО) Велковски: Ги оставивте пензионерите цели 4 години со бедни, понижувачки зголемувања

Обраќање кон поранешната министерка за труд и социјална политика, денес пратеничка, на собраниската комисија, чии политики ги доведоа пензионерите до просјачки стап:

„Вие ги оставивте пензионерите цели 4 години со бедни, понижувачки зголемувања – по 136 денари, по 158 денари. Тоа го нарекувавте усогласување. Како што велиме – тогаш дававте симболични износи, а денеска глумите грижа.Да не се лажеме – имавте време, имавте можност, имавте буџети. Но немавте волја. Пензионерите ги изоставивте. Ги оставивте да преживуваат со пензии кои не стигнуваа ни за лекови, ни за храна.Сега, кога се носат вистински мерки, кога се зголемуваат пензиите системски, линеарно, по 2.500 денари, па уште 2.500, па уште 1.000 – сега зборувате за правда? Не, госпоѓо пратеничке. Вистината е дека пензионерите не забораваат. Тие знаат кој ги доведе до просјачки стап – и знаат кој почна вистински да се грижи за нив“, потенцира заменик министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

To top