Градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски вчера потпиша договор со министерката за образование Проф д-р Весна Јаневска за финансирање на изградбата на 8 училници и тоалети во ОУ „Јоаким Крчоски“ во Волково и 8 училници и тоалети во подрачниот објект на ОУ „Димитар Беровски“ во Хром.
– Хром и Волково добиваат училишта што целосно ќе ги задоволат условите за едносменска настава, нагласи Стојкоски.
Со овој договор обезбедени се 73 милиони денари, за доградба на две основни училишта, кои ќе бидат инвестирани за подобри услови за настава на учениците и за работа на наставниците.
Унапредувањето на образовната инфраструктура е меѓу приоритетите на Владата и Министерството за образование и наука, затоа што е еден од столбовите на квалитетот на образовниот систем, заедно со квалитетни учебници, наставни програми и мотивиран кадар. На сите овие аспекти ќе бидеме силно посветени и во иднина и со задоволство ќе продолжиме да ја поддржуваме работата на секоја локална самоуправа во чиј фокус е образованието на младите, потенцира Стојкоски.