Македонија Трибина во Кичево

Јаќимоски: Отворивме Центар за обуки на административни службеници во Аеродром, преку работа и проекти до ефикасна администрација во служба на граѓаните

Јаќимовски нагласи дека и покрај сите предизвици во администрацијата се работи на многу проекти меѓу кои и Центарот за обуки на административните службеници во Аеродром.

Јаќимоски: Отворивме Центар за обуки на административни службеници во Аеродром, преку работа и проекти до ефикасна администрација во служба на граѓаните

На денешната трибина во Кичево „Образование и социјална политика, ги градиме темелите на промените“ се обрати Лазе Јаќимоски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер за јавна администрација којшто истакна дека макотрпно се работи на закони и проекти со цел функционална, квалитетна и ефикасна администрација во служба на граѓаните.

„Во минатото многу малку се правело во јавната администрација, од тие причини, јавната администрација треба да биде двигател во системот затоа што тука се околу 1400 институции што зависат или треба да соработуваат. За да биде една администрација функционална, квалитетна, ефикасна и предвидлива таа не смее да биде изолирана структура туку треба да биде во сервис на граѓаните на бизнис заедницата. А за да биде таква мора да поседува квалитет, брзина во услугите и предвидливост,“ истакна Јаќимовски и додаде:

„Иако сме ново министерство со упорност со работа и поддршка од Владата целосно успеавме да навлеземе во процесите и паралелно со тоа да ги донесеме реформските закони. Иако на самиот почеток наследивме девастирани уништени институции. Моравме да се справуваме и со тие предизвици. Воведовме реформи во администрацијата кои се во насока на поквалитетна и побрза администрација. Тука се 1400 институции, плановите за вработување, систематизациите, тука се функционалните анализи без кои институциите не можат нормално да функционираат,“ кажа Јаќимовски.

Јаќимовски нагласи дека и покрај сите предизвици во администрацијата се работи на многу проекти меѓу кои и Центарот за обуки на административните службеници во Аеродром.

„Пред две седмици промовиравме еден унапреден, апдејтиран систем за управување со човечки ресурси. Денес го отворивме центарот за обуки во општина Аеродром и тоа е во насока да се подобрат услугите на граѓаните. Со новиот закон, таму е предвидено да се формира една академија којашто ќе ги опфати сите институции и таму ќе можат да се обучуваат сите административни службеници и оние идни млади луѓе коишто ќе конкурираат за работни места во јавната администрација. Планирани се два или три такви регионални центри и еден главен центар, овој денес беше регионален центар во Аеродром, целосно реновиран со најсовремена опрема,“ истакна Јаќимовски.

To top