На денешната трибина која се одржа во општина Кичево на тема „Образование и социјална политика, ги градиме темелите на промените“ , се обрати Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, кој истакна дека реформите се движат во сите сфери на општественото живеење и се носат закони кои се од клучно значење за граѓаните, како за младите со добивање на ваучери за електронски уреди така и за пензионерите со покачување на пензиите и обвозможување на достоинствен живот.
Тој на почеток на трибината истакна дека Владата испорача многу за краток период, а воедно потенцираше и дека Собранието е двигател на реформите кој што заедно со Владата носи закони и реформски процеси.
„Денеска се случија два важни настани се донесоа два значајни закони, првиот закон што се донесе денеска е Законот за ваучери со кој што стидентите добија 250 евра, сите студенти без разлика на кој универзитет студираат дали приватен или државен, ќе добијат по 250 евра за технолошки уреди, со тоа сакаме на сите студенти да им дадеме еднаков третман за да ги следат технолошките процеси, меѓутоа и да учествуваат преку новини и учество во градење на државата“, вели Сајкоски.
На трибината Сајкоски истакна дека се гласа закон со кој пензионерите ќе добијат покачување на пензиите од 2000 денари, за да можат безгрижно да ги поминат пензионерските денови, а воедно потенцираше дека ниту една владејачка гарнитура досега не успеала да го овозможи сето тоа.
„За година дена и 6 месеци или 7 месеци пензионерите ќе добијат 7 илјади денари плус средства со што ќе можат да го поминат оној дел од пензионирањето безгрижно со внуците и со семејството“, рече Сајкоски.
Тој исто така се надоврза и на делот од областа на образованието и социјалната политика истакнувајчи дека се реновираат студентските домови и се градат градинки за грижа на најмладите.
-Во изминатиот период отпочнаа со работа 9 градинки, во тек се три градинки, до крајот на годината ќе имаме вкупно изградено околу 11 градинки, се со цел да нема листа на чекање и секој да може да го остави своето дете и да не се грижи во тој дел. Се откочи еден важен процес за студентите, мислам дека до крајот на годината ќе биде завршено, двата студентски домови кои беа во катастрофалмо лоша состојба, а до крајот на годината ќе можат студентите да се сместат во тие студентски домови, рече тој.