Фудбал

ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО РИСТОВСКИ: Фудбалерите останаа без најважната личност во нивните животи, утеха пристигна и од Бруно Фернандеш (ФОТО)

ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО РИСТОВСКИ: Фудбалерите останаа без најважната личност во нивните животи, утеха пристигна и од Бруно Фернандеш (ФОТО)

Стефан и Милан Ристовски добија одмор од клупските обврски поради божиќните и предновогодишните празници, но двајцата македонски фудбалери нема по добро да го паметат крајот на 2023-та година.

Причина за тоа е семејната трагедија која го погодила семејството Ристовски, поради која Стефан и Милан ставија црна позадина на своите официјални Инстaграм профили.

Двајцата браќа со голема тага за последен пат се простуваат од својата мајка која починала во текот на вчерашниот ден, а непријатната вест го погоди и добриот пријател на поранешниот македонски репрезентативец.

Бруно Фернандеш ја делеше соблекувалната со Стефан во Спортинг Лисабон и двајцата изградија навистија пријателски однос, па ѕвездата на Манчестер Јунајтед не заборави да го утеши својот Ристе во тешките моменти.

– Те сакам брате мој. Твојата мајка е горда на тебе и сега ќе те чува од горе, – гласи пораката на Бруно, која ја проследи и самиот Стефан.

Емотивен на социјалните мрежи беше и напаѓачот Милан.

To top