Свет Германија

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху изрази надеж за прекин на огнот во Газа

Канцеларот нагласи дека итно потребната хуманитарна помош сега мора да стигне до луѓето во Појасот Газа на безбеден и хуман начин, се вели во соопштението на портпаролот.

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху изрази надеж за прекин на огнот во Газа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц телефонски разговараше со премиерот Бенјамин Нетанјаху и изрази надеж за прекин на огнот во Газа, истовремено повикувајќи на безбеден пристап до хуманитарна помош, соопшти портпаролот на германската влада.

– Канцеларот нагласи дека итно потребната хуманитарна помош сега мора да стигне до луѓето во Појасот Газа на безбеден и хуман начин, се вели во соопштението на портпаролот.

– Канцеларот нагласи дека не смее да има чекори кон анексија на Западниот брег, јави Тајмс оф Израел повикувајќи се на соопштението.

To top