Во тек се градежни работи за бетонирање на крак на улица „Наце Димов“ во населбата Керамидна во новиот дел на Велес, а каде ќе се врши ископ на земјана подлога, порамнување, валирање, тампонирање, армирање и бетонирање. Дополнително ќе се изврши санирање и на дел од постоечки бетониран крак на истата улица кој е многу оштетен, информираат денеска од Општина Велес.
Од таму потенцираат дека со овие градежни активности ќе се подобрат условите на жителите од овој дел од градот за пристап до домовите.
Од Општина Велес согласно програмата за 2025 година, најавија дека континуирано ќе продолжат со реконструкција и на други оштетени улици во градот и населените места во општината.