Македонија измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи

Проданоски: Денес сакам да обзнанам и објавам голема победа на тутунарите, земјоделците и успешната земјоделска политика на Владата.

– Ова не е само законска измена – ова е вистински системски чекор за враќање на достоинството на тутунопроизводителот. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со вакви решенија – конкретни, одлучни и во корист на народот. Затоа сме тука – да работиме, да исправаме неправди и да создадеме сигурна иднина за секој еден граѓанин!, потенцираше Проданоски

Проданоски: Денес сакам да обзнанам и објавам голема победа на тутунарите, земјоделците и успешната земјоделска политика на Владата.

Прес-конференција на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан ПроданоскиДенес сакам да обзнанам и објавам голема победа на тутунарите,

„Денес сакам да обзнанам и објавам голема победа на тутунарите, земјоделците и успешната земјоделска политика на Владата. После непосредни консултации со тутунарите, денес сакаме да објавиме дека ја заштитуваме маката и трудот на тутунарите. Нивниот труд ќе биде валоризиран, вреднуван и ќе имаат гарантиран откуп по реална цена.

Со предложените измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи покажуваме дека знаеме, сакаме и умееме да ги решаваме проблемите на тутунарите.

Најголемото и најоправдано барање на тутунопроизводителите – забрана за увоз на необработен тутун во време на откуп – конечно е прифатено и правно се регулира. Од 16 ноември до 28 февруари, додека трае откупот, домашниот тутун добива приоритет. Со ова директно се заштитува трудот на македонскиот тутунопроизводител и се спречува нелојална конкуренција.

Законот носи и ред во секторот:

– Се уредуваат условите за откуп, со јасни критериуми за простории и опрема – нема повеќе импровизации.

– Воведена е строга евиденција преку ИСЕТ системот, каде мора да се внесуваат податоци за секој грам тутун – домашен, увезен, обработен.

– Предвидени се и прецизни казни – за оние кои ќе се обидат да работат без регистрација, без сертификати или ќе го прекршат законот.

Ова се мерки што носат ред, транспарентност и фер пазар. А уште поважно – не создаваат дополнителни обврски или трошоци за фирмите. Напротив, државата обезбедува средства за надзор – 1 милион денари за контрола и
мониторинг.

Треба да се истакне и пошироката слика: оваа година имавме одлична откупна цена, навремено започнат откуп, 100 денари субвенции по килограм – сето тоа е резултат на добро менаџирана политика која ја враќа сигурноста на македонските земјоделци.

Со законот:

– Се штити домашното производство;
– Се воспоставува ред и сигурност;
– Се зголемува довербата во институциите;
– Се унапредува професионализацијата на откупот;
– И се обезбедува фер натпревар за сите.

Ова не е само законска измена – ова е вистински системски чекор за враќање на достоинството на тутунопроизводителот. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со вакви решенија – конкретни, одлучни и во корист на народот. Затоа сме тука – да работиме, да исправаме неправди и да создадеме сигурна иднина за секој еден граѓанин!“

Најнови вести од Македонија

To top