Македонија Стравот од избори? Рејтингот на дното?

ВМРО-ДПМНЕ: Што го тера СДС, да објавува соопштенија во 22 часот и да шират лаги, ги надвладеа ли паниката од сопствен распад?

Останете си во мракот на лажните соопштенија, а ние ќе работиме – на светло, транспарентно и одговорно. И ќе победуваме. Повторно, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Што го тера СДС, да објавува соопштенија во 22 часот и да шират лаги, ги надвладеа ли паниката од сопствен распад?

Што ли ги тера во 22 часот да објавуваат соопштенија и да шират лаги? Стравот од избори? Рејтингот на дното? Паниката од сопствениот распад?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС, наместо да размислува како да ја врати довербата кај граѓаните, избира пред полноќ да фантазира и да лаже за ВМРО-ДПМНЕ и за Владата. Веројатно, кога денот ќе им заврши со анкети во кои се рангирани под праг, со внатрепартиски кавги, несогласувања и невозможност да најдат кандидати подготвени да изгубат како градоначалници, им останува само тастатурата во доцните часови“, потенцираат во реаквијата на СДСМ.

„Ајде да ги разбиеме нивните лаги:

– Во нивно време, земјата тонееше, а денес:

Инфлацијата е намалена и стабилизирана;

Буџетот има 16% повисока наплата на приходи;

Платите растат во сите сектори;

Стопанството има поддршка со конкретни мерки и проекти.

– За „немање на капитални инвестиции“: само во првите 100 дена од оваа Влада, капиталните проекти се ревитализирани, а во тек е реализација на најголемиот капитален план досега.

– За енергетиката: токму оваа Влада ги наполни хидроакумулациите, РЕК Битола работи со полн капацитет, а државата ја враќа енергетската стабилност што СДС ја уништи.

– За „луксузирањето“: СДС последна партија треба да зборува за тоа. Да ги потсетиме ли на Заевите автомобили, патувањата на Филипче, нивните тендер-тури? Секој збор од нив е лицемерие на квадрат.

СДС не може да поднесе што Македонија оди напред без нив. Затоа панично објавуваат соопштенија во 22 часот, барајќи утеха во лажни тези и манипулации“, нотираат во соопштението.

Но, народот не им верува повеќе. Не им поминува ниту старата плоча, ниту новите измислици. Останете си во мракот на лажните соопштенија, а ние ќе работиме – на светло, транспарентно и одговорно. И ќе победуваме. Повторно, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

To top