Република ДОДЕЛЕНИ ОКОЛУ 707 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА 65 ПРОЕКТИ

Општина Битола ги потпиша договорите од вториот повик на Владата

Во првиот повик објавен во септември 2024 година, општина Битола доби 16 проекти, во вредност од околу 230.000.000 денари од Владата, со општинско кофинансирање од околу 45.000.000 денари.

Општина Битола ги потпиша договорите од вториот повик на Владата

Општина Битола е лидер по бројот на потпишани договори, вкупно 65 по вториот јавен повик од инструментот за капитални инвестиции. Денес, во Владата, гадоначалниците на општините ги потпишуваа договорите со соодветните министерства.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги потпиша договорите за проекти во рамките на пет министерства, од кои, најголемиот број се проекти во Министерството за транспорт – 27, во Министерството за животна средина и просторно планирање – 22 проекти, во Министерството за образование и наука – 12 проекти и по два проекти во Министерството за спорт и во Министерството за култура.

Вредноста на потпишаните проекти е во вредност од околу 707.000.000 денари.

Во првиот повик објавен во септември 2024 година, општина Битола доби 16 проекти, во вредност од околу 230.000.000 денари од Владата, со општинско кофинансирање од околу 45.000.000 денари.

To top