Македонија партнерства кои ги зајакнуваат стабилноста и мирот

ВИДЕО: Министерот за одбрана Мисајловски пречекан со почести во Обединетото Кралство

– Посветено продолжуваме да градиме партнерства кои ја зајакнуваат стабилноста и мирот, заклучи македонскиот министер за одбрана.

ВИДЕО: Министерот за одбрана Мисајловски пречекан со почести во Обединетото Кралство

Министерот за одбрана Владо Мисајловски беше пречекан со почести во Обединетото Кралство на значајна средба со лорд Вернон Коукер, државен министер во британското Министерство за одбрана.

– Со лорд Коукер разговаравме за развојот на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји, како и безбедносната состојба во регионот и пошироко. Заеднички заклучок е дека нашите одбранбени односи се темелат на заеднички вредности и цели – мирен и безбеден регион и силна Алијанса која ќе остане гарант за безбедноста на евроатлантската област, порача министерот Мисајловски.

Мисјаловски додаде дека изразил благодарност за поддршката и посветеноста на Обединетото Кралство кон нашите заеднички цели и вредности.

– Посветено продолжуваме да градиме партнерства кои ја зајакнуваат стабилноста и мирот, заклучи македонскиот министер за одбрана.

Најнови вести од Македонија

To top