Во чест на празникот св. Недела, заедно со Центарот за Оштествен Развој – Импакт од Охрид, ве покануваме на настанот за зачувување на традицијата и културата во д.Лакочереј, Охрид, соопшти Здружение за заштита на природните и националните богатства Енхелеус Лихнид.
-Повелете на традиционална храна,традиционална музика и изложба на зачувани традиционални предмети од минатото. За забавата ќе се погрижат „ZDRAVE MUSIC“ и бендот од учениците од ОУ Кочо Рацин, соопшти Енхелеус Лихнид.
Овој настан е под покровителство на Општина Охрид.
-Ве очекуваме со отворено срце да ја негуваме македонската традиција и култура, потенцираат во објавата од Здружение за заштита на природните и националните богатства Енхелеус Лихнид/