Македонија огромен интерес за брзата пруга

Меѓуресорска работна група ќе ги разгледа податоците: 16 ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ ПРАТИЛЕ ПОНУДИ ЗА БРЗАТА ПРУГА

Меѓуресорска работна група ќе работи во рамки на Владата.

Меѓуресорска работна група ќе ги разгледа податоците: 16 ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ ПРАТИЛЕ ПОНУДИ ЗА БРЗАТА ПРУГА

На вчерашната затворена седница, Владата донела заклучок да се формира Меѓуресорска работна група откако била разгледана информација во однос на доставените податоци од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки за финансирање на брзата пруга, соопшти Министерството за финансии.

На барањето од Министерството за финансии одговориле 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки меѓу кои: Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Италијанската развојна банка, јапонската МУФГ, британската Стандард чартерд, Банка на Америка, Ерсте банка, Сосиете женерал, Дојче банка, ЏП Морган, Сити банк, Уни кредит, Каргил и НЛБ и Рајфајзен банка.

Содржината на документацијата која што е доставена од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки е со нaзнака доверлива (confidential).

Меѓуресорска работна група ќе работи во рамки на Владата.

Најнови вести од Македонија

To top