Советот на јавни обвинители го избра Дарко Јакимовски за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Тој дојде од Основното јавно обвинителство Скопје, каде помина дел од својата правничка кариера. Учеството во случаите „Ласкарци“ со 16 загинати и несреќата кај Струма во Бугарија со 45 загинати и епилог со никој обвинет или микро обвинети со смешни казни, очебијно е рецептот на ЈО за напредување во кариерата.
Јакимовски е особено познат по водењето на обвинението во случајот „Ласкарци“, во кој во трагедија од 13 февруари 2019 година, при автобуска несреќа кај селото Ласкарци, загинаа 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени. Јакимовски учествувал и како предавач во професионални советувања за правна тема „Член 5 од Европската конвенција за човекови права – притвор и други мерки“
Јакимовски е избран со 11 гласови и ужива репутација во јавноста. Тој има застапувано и други обвиненија за предмети кои не биле покриени од медиумите.
На истиот седница на Советот на јавни обвинители, покрај Дарко Јакимовски, беше избран и Владимир Милошевски за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Бил обвинител во истраги за: Поткуп; автобуска несреќа во Бугарија, каде загинаа 45 македонски државјани, истрагата за Ќелија, обвинение за повратници од ИСИС, што го потенцира неговиот ангажман во национално безбедносни предмети.
Досега беше шеф на ново одделение за сериозен и сложен криминал, што опфаќа предмети со поголем број обвинети, финансиски истраги и доживотни казни.