Љупчо Јаневски вчера поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
Како што изјави Јаневски за МИА, оставката е поднесена од лични причини.
-Им заблагодарувам на вработените во Агенцијата и на туристичкиот сектор за соработката во изминатите пет и пол години. Мислам дека успеавме од заборавена Агенција да изградиме институција со реноме во години со голем број предизвици. Секогаш сум се залагал за професионални кадри на вистински места и тоа сум го покажувал со сопствен пример, преку мојата работа, труд и залагање. Македонија мора да оди напред зашто,каква држава ќе изградиме, во таква држава ќе живееме, истакна Јаневски.
Љупчо Јаневски стапи на функцијата директор во АППТ во февруари 2018 година. (МИА)