Шпанскиот дефанзивец Алваро Карерас (22) и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид. Трансферот од Бенфика е вреден 50 милиони евра, сума што Кралевите ќе ја исплатат во неколку рати.
Карерас потпиша долгорочен договор до 2031 година.Во изминатата сезона, Карерас беше стандарден првотимец во португалскиот гигант, одигра 52 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири голови и забележа пет асистенции.
Во Реал доаѓа да ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција, каде што тренерот Чаби Алонсо веќе располага со Фран Гарсија и Ферлан Менди. Ова е четврто засилување за Реал ова лето, по доаѓањето на Трент Александер-Арнолд, Дин Хујсен и Франко Мастантуоно.