Фудбал

Лука Модриќ официјално во дресот на Милан

Лука Модриќ официјално во дресот на Милан

Лука Модриќ оваа сезона реши да го промени клубот, а денес за прв пат можевме официјално да го видиме во дресот на Милан, откако италијанскиот фудбалски клуб ги објави фотографиите на социјалните мрежи.

Легендарниот Лука на 38 години реши кариерата да ја продолжи во Милан, после 13 години плодна кариера во кралскиот клуб, каде остави силен печат кој долго ќе се памети.

Договорот на Модриќ со Милан е на една година, плус опција за продолжување на договорот доколку двете страни се согласат на тоа. За разлика од многуте колеги кои решија на повозрасни години да продолжат во Саудиска Арабија или САД, Лука ќе игра во италијанскиот клуб кој е полн со фудбалска историја.

 

To top