Свет Европска комисија

Пињо: ЕК работи на договор за 18-от пакет санкции кон Русија на утрешниот ФАЦ

Ние како и секогаш бараме договор за поддршка од сите земји членки и се уште работиме конкретно во тој правец. Треба да видиме како ќе се одвива таа дискусија на Советот за надворешни работи, рече Пињо.

Пињо: ЕК работи на договор за 18-от пакет санкции кон Русија на утрешниот ФАЦ

Темата за 18-тиот пакет санкции кон Русија е на дневен ред на утрешното заседание на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАЦ), најави денеска главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо.

– Ние како и секогаш бараме договор за поддршка од сите земји членки и се уште работиме конкретно во тој правец. Треба да видиме како ќе се одвива таа дискусија на Советот за надворешни работи, рече Пињо.

Во однос на заложбите за ограничување на цената на руската нафта, Пињо истакна дека ЕУ отсекогаш била на ставот дека оваа мерка би имала многу поголемо влијание ако се усогласи на ниво на Г7 и би бил идеален исход да се постигне таков договор меѓу членките на Групата.

– Тоа, во секој случај, е дел и од мерките во договорот за санкциите што ќе бидат на дневен ред на (утрешниот) Совет за надворешни работи. Повеќе ќе знаеме утре, додаде Пињо.

To top