Хроника

Возач загина на патот Битола-Демир Хисар

Возач загина на патот Битола-Демир Хисар

На 13.07.2025 во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за с.Драгарино, битолско, патничко возило „фолксваген поло“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(45) од с.Загориче, демирхисарско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата од здобиените повреди, возачот А.Ѓ. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, информира МВР.

Извршен е увид од jавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

To top