Хроника пожарот е изгаснат

Изгореа 6 куќи во пожарот во Злокуќани: Малолетник повреден, шестмина побарале лекарска помош поради вдишување на чад, меѓу нив и полицајци

Пожарот во полиција бил пријавен околу 20 часот.

Изгореа 6 куќи во пожарот во Злокуќани: Малолетник повреден, шестмина побарале лекарска помош поради вдишување на чад, меѓу нив и полицајци

Шест опожарени куќи, две куќи со зафатени делови, е билансот од вчерашниот пожар кој вчера избувна на улицата „Скупи.“ Од МВР информираат и дека поради вдишување на чад лекарска помош побарале шест лица, а еден малолетник бил повреден.

Пожарот во полиција бил пријавен околу 20 часот.

-Во пожарот малолетник се здобил со повреда и со возило на Итна медицинска е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Во истата болница била пренесена и Ш.С.(34) поради вдишување на чад. Исто така, Р.С.(69) и Х.Х.(49) и тројца полициски службеници, поради вдишување чад, побарале помош во Градската општа болница „8 Септември“, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат.

To top