Македонија преговори и со други инвеститори

Владата и „Казанџи груп“ ги прецизираат локациите за секундарната гасоводна мрежа

Во Македонија „Казанџи груп“ ќе инвестира 1 милијарда евра за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво.

Владата и „Казанџи груп“ ги прецизираат локациите за секундарната гасоводна мрежа

Минатата недела македонската Влада потпиша меморандум за соработка со светскиот гигант во енергетиката, компанијата „Казанџи груп“. Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека со компанијата дополнително ќе продолжат со преговорите.

-Очекувам да ги прецизираме локациите. Во игра се неколку локации во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар односно поголемите градски средини. Имајќи предвид дека во Битола веќе ќе се затвори проблемот со затоплување, остануваат Прилеп, Велес, Штип, Кавдарци… Покрај Казанџи веќе сме во преговори со потенцијални други инвеститори за инвестирање во ваков тип на проекти, посочува Мицкоски.

„Казанџи Холдинг“, е водечка турска компанија со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3,500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.

Во Македонија „Казанџи груп“ ќе инвестира 1 милијарда евра за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво.

Освен енергетската стабилност, со градењето на когенеративни гасни централи, трајно се решава загадениот воздух.

Најнови вести од Македонија

To top