Јас не би го коментирал СДСМ, мислам дека они имаат многу поважна работа од тоа да излегува со вакви пораки во јавноста. Најпрво треба сами да се консолидираат внатре, бидејќи за брзо време ќе се соочат со уште еден дебакл на избори кои што набргу од денес, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
А што се однесува до динамиката на изградба на автопатото кој што е дел од Коридорот 8, а го поврзува Кичево со Охрид, можам да кажам дека пред осум месеци состојбата беше до никаде, се работеше во три смени, се работеше жестоко, се работеше посветено и резултатот од таа посветена работа се овие први 17 километри, истакна Мицкоски.