Хроника валандовско

Со 2,19 промили алкохол излетал од пат: Автомобилот се запалил, возачот тешко повреден

Со 2,19 промили алкохол излетал од пат: Автомобилот се запалил, возачот тешко повреден

На 13.07.2025 во 05.30 часот во с.Јосифово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишија од слобода Т.Ј.(52) од с.Удово, валандовско.

-Околу 04.20 часот на регионалниот пат Р-1105, кај с.Јосифово, валандовско, управувајќи патничко возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се оддалечил од возилото, кое целосно изгорело. Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово, а при проверка било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.

To top