Македонија Злокуќани

Пожар избувнал во куќа во Карпош, па зафатил уште три соседни куќи

Од страна на Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар на ЦУК било побарано исклучување на електричната енергија на нисконапонската мрежа за да може екипите на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) да интервенираат безбедно.

Пожар избувнал во куќа во Карпош, па зафатил уште три соседни куќи

Пожар во куќа избувнал вечерва, околу 20 часот на улицата „Скупи“ во општина Карпош.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА, пријавата за пожарот била примена во 20:02 часот преку бројот за итни повици 112.

Од страна на Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар на ЦУК било побарано исклучување на електричната енергија на нисконапонската мрежа за да може екипите на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) да интервенираат безбедно.

Според неофицијални информации, освен куќата каде избувнал пожарот, огнот зафатил уште три соседни куќи.

Екипите на БППЗ Скопје се на терен и работат на гаснење на пожарот. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top