Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија.
Тој објави статус со кој му го честита востоличувањето на челниот престол на Дебарско-кичевската епархија:
„Ваше Високопреосвештенство, Со искрена радост и длабока почит, Ви го честитам хиротонисувањето и востоличувањето на челниот престол на Дебарско-кичевската епархија. Нека Господ Ви дарува крепко здравје, мудрост и сила во Вашето ново служење, за доброто на нашата света Црква и спасението на верниот народ. Нека Вашиот архипастирски пат биде осветлен со Божјата благодат. Достоен! Достоен! Достоен!“, објави Пецаков.