Во општина Илинден се одржа уште еден спортски настан. На спортскиот терен во Дељадровци пред голем број љубители се одржа Меморијален турнир во мал фудбал „Драганчо Стојановски-Прпе” 2025, на кој оваа година учествуваа 24 екипи од повеќе општини.
На финалниот натпревар првото место го освои екипата на ЗИГ Керамика од Бујковци, второто место Компанија Атанасовски, трето место ФК Пчиња, четврто место за Марино Докторс, за најдобар голман на турнирот беше прогласен Бане Трипуновски од Компанија Атанасовски, додека за најдобар играч беше прогласен Валентино Трајковски од ЗИГ Керамика.
И оваа година Општина Илинден го поддржа турнирот а градоначалникот Александар Георгиевски, кој беше присутен на финалниот натпревар на најдобрата им го додели пехарот и истакна дека поддршката ќе продолжи и во иднина како за овој така и за другите спортски настани.