Македонија

Филипче се излета, обвини без да знае дека осуда од ВМРО-ДПМНЕ веќе има

Филипче се излета, обвини без да знае дека осуда од ВМРО-ДПМНЕ веќе има

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку социјалните мрежи ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дека, како што пишува, шест часа по нападот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, нема осуда од нив.

-Молкот понекогаш зборува погласно од зборовите. И не се работи само за напад врз градоначалничката и службениците од Градот. Се работи за тоа дали секој од нас може без страв да се спротивстави на криминалот. Пораката што власта ја испраќа е дека секој кој ќе се обиде да го обелодени нивниот криминал ќе се соочи со опасност по личната безбедност. Ова е страшно и недозволиво, напиша Филипче.

За волја на вистината, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје претходно излезе со соопштение во кое осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани.

-Било кое такво однесување е неприфатливо и надвор од здравиот разум. Воедно бараме институциите да го расветлат случајот, се до конечно дознавање на вистината и утрдување на фактите на случајот кој ја разбранува јавноста, наведува во соопштението од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Градот.

Најнови вести од Македонија

To top