Свет „Вашингтон пост“

Администрацијата на Трамп се откажува од планот за затворање на ФЕМА

Трамп, кој претходно повика на затворање на федералната агенција, треба да го посети Тексас откако во поплавите загинаа најмалку 120 луѓе, а повеќе од 160 се водат како исчезнати.

Администрацијата на Трамп се откажува од планот за затворање на ФЕМА

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од плановите за затворање на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) објави денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименуван висок претставник на Белата куќа.

– Нема формални акции за затворање на Агенцијата, а промените најверојатно ќе бидат ограничени на ребрендирање,за да се нагласи улогата на државните лидери во реагирањето на катастрофи, истакна „Вашингтон пост“.

Белата куќа сè уште не ги коментирала наводите на „Вашингтон пост“.

Трамп, кој претходно повика на затворање на федералната агенција, треба да го посети Тексас откако во поплавите загинаа најмалку 120 луѓе, а повеќе од 160 се водат како исчезнати.

To top