Македонија Наведната глава сабја не ја сече, ама и сонце не ја грее

Анализа: „Денот кога политичкиот пазар ги уби основните човекови права“

Камо среќа Европјаните да сакаа сите да сме Европјани со исти човекови и демократски права.

Анализа: „Денот кога политичкиот пазар ги уби основните човекови права“

Апсурд, контрaдикторност, демагогија, ирационалност, срамна нелогичност се малку зборови со кои може да се опише однесувањето на ЕУ кон Македонија. Од една страна, отворањето на кластерот фундаменти – основни човекови права и слободи се условува со вметнување на Бугарите во преамбулата на македонскиот устав, од друга страна, истите Бугари, европарламентарци, компромисно поддржани од трите најголеми политички групации го отстранија македонскиот идентитет и јазик од извештајот за Македонија подготвен од известувачот Томас Вајц.

Па, дали е можно секој од тие кои дигнаа рака за отстранување на идентитетот да не гледа што се прави?! НЕ!

Дали е можно со таква политичка леснотија да се избрише постоењето на нација за која велат дека 20 години е подготвена за членство во Унијата? НЕ!

Дали е можно да си ја погазија својата чесност интегритет и храброст, како што им порача Ирена Јовева, словенечката европратеничка, со македонско потекло и тоа на ЧИСТ ПОСТОЕЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК? ДА!

Дали е можно на крајот и известувачот Вајц да се согласи дека тоа е демократска одлука? НЕ!

Дали компромисното бегање на ЕП од одговорноста под превезот дека не е надлежен да одлучува за нечиј идентитет е утешително? НЕ!

Ако Бугарија во историјата често ја промашуваше страната, па стана и фашистичка, овој пат ЕУ е таа не само што ја промаши страната, туку и си ги погази своите фундаментални права, разноликост и демократија.

И што сега? Дали Македонија ќе се принуди и таа да се погази себе си и своите основните човекови права, за кои велат дека сме лидери, МА ШАМПИОНИ во светот.

Овој пат не! Дури и по цена на членството во ЕУ и прифаќање на нивните нелогични гледања на човековите права. Дури и содржината на извештајот на десетици страни веќе никого не го интересира. И тој падна во сенка на епската неправда.

Македонија мора да продолжи да спроведува реформи, да ја уништува корупцијата, да најде правда за нарушеното правосудство. Да ги подига економијата и животниот стандард што поблиску до европскиот. Да гради инфраструктура и да се поврзува со Европа, па нека е и на наша сметка. Да ги почитува правата на сите, па и на Бугарите, за разлика од правата на Македонците во Бугарија.

Да направи подобро здравство и образование, подобра социјална политика. Да создава стратешки партнерства со сите што не почитуваат, како тие со САД, Велика Британија, Унгарија, Турција, ОАЕ, Азербејџан…Да се поврзува енергетски со сите страни. Да биде гостољубив домаќин кој ќе ги нагости сите со гурманските специјалитети од еврокомесарката Марта Кос, но и многу повеќе од нив.
А, Бугарите слободно нека ги бројат пасошите што ги земале Македонците, но и Албанците, Србите, Молдавците, Украинците, се разбира речиси сите од економски причини. Еден ден нивната вештачка бројка ќе пукне како меур од сапуница. Тогаш ќе се соочат со вистината која ќе боли.

ПС: И една „исправка“ до премиерот Мицкоски. Талибанците сакаат сите да ги направат ригидни Муслимани под шеријатско право. Камо среќа Европјаните да сакаа сите да сме Европјани со исти човекови и демократски права.

To top