Денеска (06.11.2023) околу 17:00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Р.А.(50) од Скопје.
Лицето било забележано како во товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки превезува мигранти. Набргу, возилото било запрено и во него биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија.
Р.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.