Поради обилните дождови и силниот ветер властите на Нов Зеланд издадоа предупредување од поплави, лизгање на земјиште и прекин на сообраќајот во следните 24 часа.
Метеоролошката служба на Нов Зеланд соопшти дека бурата најмногу ги погоди северниот и јужниот дел на островот.
Во некои области се очекува брзината на ветерот да достигне брзина до 120 километри на час, а во вечерните часови се очекуваат силни грмотевици.
Во регионот Нелсон Тасман е прогласена вонредна состојба поради зголемениот ризик од излевање на реките и лизгање на земјиштето, а на граѓаните им се препорачува да се евакуираат ако се чувствуваат загрозено.