Македонија Вести волшeбникот тарара: 5 минути македонец, 5 минути не...

Едно на власт, друго во опозиција: Филипче ги осуди изјавите на Георгиев, па пак се закопа…

Којзнае што ќе биде со патриотизмот на СДС по 4, не пак по 8 или повеќе години во опозиција, коментираат на социјалните мрежи и бараат да им кажат едно големо БЛАГОДАРАМ на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски, кој во невозможната мисија на оправање на нивните кичми, од безрбетници може ќе создаде политичари со став и саглам рбет, ценат познавачите, не надевајќи се премногу поради природната отпорност на вистински вредности кај бандата од Бихаќка.

Едно на власт, друго во опозиција: Филипче ги осуди изјавите на Георгиев, па пак се закопа…

Година дена во опозиција позитивно влијаеше врз КИЧМАТА на врхушката на СДС. Ова е очебиен доказ дека треба да бидат подолго таму, за да си помогнат самите на себе, потенцираат познавачите.

Јасен доказ за ова е изјавата на претседателот на СДС, Венко Филипче кој по ОСУМ ГОДИНИ МОЛК (седум на власт и една во опозиција), конечно смогна сила да осуди изјава на бугарски функционер.

Ја осудувам изјавата, затоа што сметам дека не е во духот на демократските вредности, не е во духот на цивилизациските вредности, ако сакате. Не може ниту еден политичар од Бугарија да ги навредува нашите институции. И тоа воопшто не е во духот на добрососедските односи,“ рече новопечениот патриот Филипче.

Триесет секунди подоцна, пак ја укашка работата и истакна дека „со истата дипломатија и трпение се избориле и договорите со Грција и Бугарија, во кои биле заштитени македонскиот јазик и идентитет“

„И во наше време, кога ги преговаравме договорите со Грција и со Бугарија, имаше луѓе кои што провоцираа, па успеавме во договорите да стои чист македонски јазик. Значи, умешноста на дипломатијата се гледа тука,“ рече Филипче самозакопувајќи се со небулозните и демагошки тврдења на кои никој нормален одамна  не им верува.

Којзнае што ќе биде со патриотизмот на СДС по 4, не пак по 8 или повеќе години во опозиција, коментираат на социјалните мрежи и бараат да им кажат едно големо БЛАГОДАРАМ на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски, кој во невозможната мисија на оправање на нивните кичми од безрбетници може ќе создаде политичари со став и саглам рбет, ценат познавачите, не надевајќи се премногу поради природната отпорност на вистински вредности кај бандата од Бихаќка.

Од малечки се вакцинирани од тоа, а македонштината не им прилега, поради што кога ја практикуваат изгледаат како СЛОНОВИ ВО ПИЖАМИ…

 

Најнови вести од Македонија Вести

To top