Скопје Општина Гази Баба

Стефковски: Потпишани договори за комплетна реконструкција на 10 улици

Продолжуваме со работа, со конкретни проекти што го менуваат секојдневието на нашите сограѓани, додаде Стефковски.

Стефковски: Потпишани договори за комплетна реконструкција на 10 улици

Утрово со Министерството за транспорт, потпишавме договори за комплетна реконструкција на 10 улици, како и изградба на две нови на територија на Општина Гази Баба. Овие значајни проекти се реализираат во рамки на вториот јавен повик на Владата на Република Македонија за финансирање на инфраструктурни проекти на општините, објави Бобан Стефковки, градоначалник на општина Гази Баба.

-Целосна реконструкција следува за:
ул. Петре Филиповски Гарката – Триангла
ул. Палмиро Тољати – Ченто
ул. Кон гробиштата Камник
ул. Париска Комуна – Хиподром
ул. Ордан Поп Јорданов – Маџари
ул. Жан Жорес – Маџари
ул. 519 – Керамидница
ул. 30 – Чукур Маало, Трубарево

– Изградба на нови улици:
ул. 22 – Сингелиќ
ул. 2 – Железара

-Со оваа инвестиција правиме нов, голем чекор напред кон подобра и побезбедна Гази Баба. Продолжуваме со работа, со конкретни проекти што го менуваат секојдневието на нашите сограѓани, додаде Стефковски.

Тој упатибБлагодарност до претседателот на Владата на Македонија проф. др. Христијан Мицкоски кој е креатор на овој проект кој носи историски развој на општините во цела Македонија! Гази Баба повеќе не запира!

To top