Пред цели ДЕВЕТ МЕСЕЦИ, Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) потврди дека поранешната министерка незаконски трошела народни пари и иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на буџетски средства за приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. ОЈО се уште молчи за случајот, или поверојатно, ја брани и ја ставиел во некоја фиока.
Инаку, ДКСК утврди дека при службено патување во Лондон минатата година, потрошила средства од буџетот на министерството за култура кои не биле трошоци во интерес на патувањето туку за приватни цели. Не беше откриено на што Костадиновска Стојчевска ги потрошила парите, но претходно од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека таа со службената картичка си купила куфер, чорапи, играчки. ДКСК ПРЕД ДЕВЕТ МЕСЕЦИ најави дека прибраните докази ќе ги испрати до надлежните истражни органи.
Девет месеци ПОТОА, истата таа Бисера Костадиновска Стојчевска чиај кариера се лансираше во СДС орбитата откако ИНФАНТИЛНО се прошета со СКАФАНДЕР ЗАРАЗЕНА СО КОРОНА за да докаже послушност кон Заев (за што беше наградена со минстерување во култура, кое го изруга со фармерчињата и патичињата во Ерусалим), вчера во ТВ гостување ја ширеше СДС-демагогијата дека јазикот, наводно бил затворена работа, она за што уште од Преспанскиот договор лаже и популистички се кити СДСМ, нешто што народски кажано со речникот на северниот ни сосед „нема благе везе“, за да разберат на Бихаќка.
„Како што кажав, тоа беше затворено прашање, а сега треба да се запрашаме како и зошто повторно е отворено?”, изјави Костадиновска-Стојчевска, отворајќи нова „теорија на заговор“ и мижејќи пред фактите посочени од бугарските и грчките европратеници кои јавно на сцена го негираа МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ.
Треба ли да им се НАЦРТА на СДСМ дека Бугарија и Грција два месеци лобираа и успејаа во бришење на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ во Извештајот на ЕП за напредокот на Македонија и дека ништо, никогаш, не било ЗАТВОРЕНО ПРАШАЊЕ?
На страна што ова што се случи е РЕЗУЛТАТ и ПЛОД на злодејанијата на Заев, Ковачевски, Османи, Димитров и останатите членови на антимакедонската екс-владина банда…